24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Амазон“ се подготвува да доставува пратки до домовите со беспилотни летала

„Амазон“ се подготвува да доставува пратки до домовите со беспилотни летала

k-bigpic

Корпорацијата „Амазон“ испробува испорака на нарачки до своите клиенти со беспилотни летала, изјави синоќа за Си-Би-ЕС извршниот директор на компанијата Џеф Безос.

Безос објасни дека од овие летала управувани од далечина ќе можат да превезуваат пратки со тежина до пет фунти (2,3 килограми), какви што се околу 86 отсто од пакетите што оваа светски позната компанија за нарачки преку ИНтернет ги испорачува до своите клиенти.

Беспилотните апарати ќе бидат товарени во дистрибутивните центри на „Амазон“ и ќе летаат до домовите на купувачите.

– Првите такви летови ќе станат реалност веројатно во следните четири до пет години, додаде Џеф Безос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП