Претседателот на САД, Доналд Трамп, негираше дека имал пријателски односи со сексуалниот престапник Џефри Епштајн, за кого рече дека се заговарал со авторот Мајкл Волф за да му наштети на угледот.
„Не само што не бев во пријателски односи со Џефри Епштајн, туку врз основа на информациите штотуку објавени од Министерството за правда, Епштајн и лажливиот „автор“ по име Мајкл Волф заговарале да ми наштетат мене и на мојот углед“, објави Трамп на мрежата „Truth Social“.

