ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото стана единствената официјална валута во Бугарија, левот излегува од употреба

Еврото стана единствената официјална валута во Бугарија, левот излегува од употреба

Од вчера, 1 февруари, еврото стана единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе не е прифатлив за плаќања за стоки, услуги и обврски, објави Министерството за финансии на Бугарија.

Според законот за воведување на еврото во Бугарија, цените на стоките и услугите ќе продолжат да се прикажуваат во обете валути до 8 август 2026 година, со цел да се обезбеди транспарентност и да се спречат шпекулативни практики, пишува бугарски „Новините“.

Бугарските граѓани кои сè уште поседуваат левови можат да ги менуваат бесплатно во банките и поштите до 30 јуни 2026 година, додека Народната банка на Бугарија (БНБ) ќе обезбеди бесплатна и неограничена размена на левови во евра по тој датум.

Министерството за финансии потсетува дека трговците повеќе не се обврзани да прифаќаат лев, а кусурот во секоја трансакција се враќа исклучиво во евра.

На 1 јануари 2026 година, Бугарија официјално го воведе еврото и стана 21-ва членка на Еврозоната, точно 19 години по влегувањето во Европската Унија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП