Премиерот Христијан Мицкоски не дојде во зградата на работниците и заедно со претседателот на ССМ Слободан Трендафилов да договорат повисоки плати за вработените во Македонија. Во петокот првиот синдикалец го покани премиерот, но тој конкретно не одговори дали ќе има средба или не. Но, денеска може да се заклучи дека одговорот на премиерот за евентуална средба и договор била само политика, а не вистинска волја работите да се променат на подобро.
Во девет часот како што беше најавено дека Трендафилов ќе го чека премиерот Мицкоски, утрово немаше средба. Премиерот не се појави во зградата на ССМ. Оваа информација за Денар ја потврдија од Сојузот на синдикати на Македонија. Целта на синдикалците беше и е единствена, подобар живот на македонскиот работник.
Ако не можеле денес нека дојдат утре, во среда, кога сакаат, ќе потпишеме колективни договори. Ќе ги потпишеме овие колективни договори, ама нема откажување од општиот колективен договор“, велат од ССМ.
За да се појави на денешната покана премиерот имаше услов, да се потпише колективен договор за администрација, кој според премиерот не е потпишан поради ССМ.
„Работниците и работодавачите се тие кои што треба да најдат решение за минималната плата. Владата, во рамките на Економско-социјалниот совет, е само посредник.“ соопшти премиерот.
Власта пред и по големиот протест на работниците не престана да ги бои синдикалците со политички бои. Привезок на опозицијата, така ги етикетира веќе неколку дена.
Синдикалните лидери го одбија владиниот предлог кој предвидува зголемување на платите за над 10.000 денари, односно раст од 40% до 2028 година. „ССМ бара 600 евра минимална плата, добива и истата ја одбива. Бара 100 евра повисока плата, добива и истата ја одбива. Само затоа што се политички марионети на СДС и Левица“. елат од ВМРО ДПМНЕ.
ССМ категорично ги отфрла сите обвинувања на власта дека позади нив стои политичка партија или дека имаат некакви други намери со ваквото нивно делување, освен подобрување на животот на сите работници од државата. Синдиклаците веќе предупредија дека доколку не се изнајде решение за зголемување на платите за 100 евра и минималецот да се качи на 600 евра, ќе следува генерален штрајк на ниво на цела држава. Прво ќе следуваат масовни блокади по главните булевари низ главниот град.
И.П



