ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Google“ открива колку уреди користат „Android 16“

„Google“ открива колку уреди користат „Android 16“

„Google“ објави нови податоци за распространетоста на одредени верзии на „Android“, откривајќи колку уреди го користат најновиот „Android 16“.

Според „Google“, на 1-ви декември 2025-та година, „Android 16“ го користеле 7,5 проценти од сите активни уреди. „Google“ забележува дека вистинскиот удел денес е веројатно нешто поголем, со оглед на тоа што ажурирањата продолжија да пристигнуваат до корисниците по тој датум, но веројатно не е значајна разлика.

Во секој случај, ова е доста скромно во споредба со „Apple“ и нивното темпо на усвојување на „iOS“ верзиите, но важно е да се има предвид дека „Android“ е многу поотворен екосистем со многу повеќе уреди. Поради ова, издавањето ажурирања за „Android“ е многу посложен процес, на кој корисниците се повеќе или помалку навикнати.

Што се однесува до другите верзии на системот, „Android 15“ е најчест, држејќи 19,3 проценти од пазарот. По него следуваат „Android 14“ со 17,2 проценти и „Android 13“ со 13,9 проценти удел. „Android 16“ е само на седмото место, зад сè уште многу распространетите верзии како „Android 11“, „Android 12“ и „Android 10“.

Графикон: „Google“

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП