„Lancia“ се соочува со сериозни проблеми по сумирањето на резултатите во 2025-та година, бидејќи продажбата на овој легендарен италијански бренд драстично се намали и покрај одличното враќање на европскиот пазар.
Презентацијата на новиот „Ypsilon“ во февруари 2024-та година, првиот целосно нов модел по 13 години, не го донесе очекуваното закрепнување.
Според податоците од Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), продажбата на брендот „Lancia“ се намали за дури 64 проценти, на само 11.754 продадени автомобили во 2025-та година.
Всушност, „ACEA“ сè уште го предводи италијанскиот бренд во пакет со „Chrysler“, иако овој американски бренд практично исчезна од европскиот пазар, со само симболична продажба на неколку возила.
Слични резултати покажува анализата на „Dataforce“, според која во 2025-та година се регистрирани 11.719 нови возила на „Lancia“, додека „Chrysler“ имал само 75 продадени автомобили во цела Европа. Овие податоци потврдуваат дека негативниот тренд продолжува.
Ситуацијата е уште позагрижувачка ако се погледне пошироката слика.
Помеѓу 2015-та и 2025-та година, најдобрата продажна година беше 2016-та година, кога во Европа беа продадени повеќе од 67.000 возила.
Иако „Lancia“ беше присутна само во Италија со години, денес, по враќањето на клучните европски пазари и отворањето околу 70 салони во големите градови, се продава помалку отколку пред „редизајнот“ на брендот.
Дополнителен проблем е новиот „Ypsilon“, кој е значително поскап од претходната генерација и се соочува со силна внатрешна конкуренција од „Peugeot 208“ и „Opel Corsa“.
„Lancia“ планира да ја прошири својата гама оваа година со нов модел од средната класа, кој ќе го оживее името „Gama“, додека враќањето на „Delta“ се очекува пред крајот на деценијата.
Во меѓувреме, „Stelantis“ моментално ја разгледува долгорочната одржливост на сите брендови во групацијата. Според „Reuters“, некои европски брендови би можеле да бидат доведени во прашање, што дополнително фрла сенка на неизвесност врз иднината на познатата италијанска марка.



