21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМесечен надомест од државата за стечајците од „Порцеланка“

Месечен надомест од државата за стечајците од „Порцеланка“

pporcelanka

Седумдесет  стечајци од велешка „Порцеланка“ со над 25 годишен стаж кои десетина години се бореа за своите права, од овој месец  од државата ќе добиваат месечен надомест од 7.400 денари и ќе имаат платено здравствено осигурување до пензионирање.

Тоа денеска во Велес на пранешните работници во „Порцеланка„ им го соопштија министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.

Според министерот Спасов, исплатата на надоместот е во согласност со Законот за материјално обезбедување на невработени лица, кои биле во фирми со државна сопственост, а имаат над 25 години стаж. Владата, потенцира, со средства  во висина од 29 милиони денари, нашла начин да им помогне на стечајците од „Порцеланка“.

– Решенијата се изготвуваат и наскоро ќе ги добијат. Така правдата ќе биде задоволена, а проблемот решен, изјави Спасов.

Директорот на Агенцијата за вработување информира дека сите 70  стечајци од „Порцеланка“ паричниот надомест од 7.400 денари ќе го користат од овој месец, а ќе им биде исплатен во јануари 2014 година. Воедно до 19 декември годинава ќе им биде исплатено ретроактивно месечниот надомест за стечајци  за изминатите пет години  или секој од нив ќе добие најмногу до 440 илјади денари.

– Ќе бидат исплатени  за целиот период, под услов да немаат прекин, да не биле некаде работно ангажирани или ако заминале в пензија. Пари ќе добијат и неколкумина починати  кои не дочекаа да ги добијат овие средства, рече Поповски.

Ѕвонко Самарџиев, некогашен прв синдикалец на „Порцеланка“ појасни дека пресвртот во корист на  некогашните вработени во Порцеланка со над 25 години стаж доаѓа откако Леонардо Питиќев од Виена поранешниот сопственик на „Порцеланка“ во 2002-тата, минатата година   доставил документација со која судот  утврдил дека фирмата е во државна сопственост. По ова и судот пресудил во корист на некогашните вработени. Ваквата состојба вработените во велешка „Порцеланка“ ја тврдеа уште од август  2008-та кога поднесоа барање за месечен стечаен  надоместок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП