4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоделени награди за новинарски текстови за енергетска ефикасност

Доделени награди за новинарски текстови за енергетска ефикасност

energy-efficiency

Енергетската ефикасност и платформата на Министерството за економија и ЕВН Македонија во изминатата година биле тема на 751 новинарски авторски текстови во македонските медиуми. Најмногу текстови објавила новинарката Петранка Талеска од Нова Македонија, која доби прва награда, втора награда беше доделена на Валентина Марјановиќ од Вечер и трета награда на Зденка Павковиќ од Дневник.

Наградените им беа врачени во рамки на тридневната работилница што се одржа во Маврово.Платформата за енергетска ефикасност почна минатата година и главна цел беше промовирање на енегетската ефикасност и нејзина примена. Обуката ја поминаа и над 200 компании од кои 30 проценти веќе имплементирале мерки за енергетска ефикасност.

Компаниите кои се енергетски ефикасни им се намалува потрошувачката на електрична енергијаи можат  средствата да ги насочат во други проекти. Во рамки на работилницата беше најавено дека и во иднина ќе се продолжи со активности за промовирање на енергетската ефикасност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП