3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Форбс“ објави специјална едиција за Македонија

„Форбс“ објави специјална едиција за Македонија

forbes

Македонската про-бизнис Влада ги спроведе мерките за стимулација на инвестициите, договорите за слободна трговија и правните гаранции за да биде уште повеќе профитабилна и конкурентна за потенцијалните инвеститори.

Уставот гарантира непристрасен третман на странските инвеститори, вклучувајќи и 100 проценти сопственост, целосна заштита на правата и без ограничувања во однос на профитот.

Ова го наведува во ноемвриското издание влијателниот магазин „Форбс“, кој подготви специјална едиција посветена на Македонија и економските перформанси што ги поседува земјата.

Како дел од едицијата, објавен е и кус разговор со премиерот Никола Груевски.

Во текстот Македонија се нарекува Бисерот на Балканот, крстосница на големите светски цивилизации:

Античката македонска, римската, византиската и отоманската.

– Денес, нацијата, која постигна независност во 1991 година, го задржува своето мултикултурно наследство и под водство на премиерот Никола Груевски изгради отворен, про-инвестициски бренд, како бизнис рај во Европа, се посочува во текстот на „Форбс“.

Македонија, пишува авторот, може да се пофали со локација на помалку од 2.000 километри оддалеченост од повеќето европски престолнини, исто така е во близина на Северна Африка, Азија и Блискиот Исток, и поседува одлична инфраструктура и исплатлива работна сила.

– Како тоа да е недоволно, македонската про-бизнис Влада ги спроведе мерките за стимулација на инвестициите, договорите за слободна трговија и правните гаранции за да биде уште повеќе профитабилна и конкурентна за потенцијалните инвеститори.

Уставот гарантира непристрасен третман на странските инвеститори, вклучувајќи и 100% сопственост,
целосна заштита на правата и без ограничувања во однос на профитот.

Странците можат да купат и инвестираат во недвижности. Македонија е членка на Мултилатералната агенција за инвестициони гаранции (МИГА) и има склучено договори за заштита на инвестициите со многу земји во светот.

При отворање на бизнис, едношалтерските и онлајн системи, овозможуваат регистрирање на компанија за само четири часа.

Модерните закони за работни односи придонесуваат за флексибилно работно место, а издатоците и оперативните трошоци се пониски од оние на соседните земји.

Инвеститорите имаат максимална корист од рамниот 10-процентен данок на добивка и персоналниот данок на доход, се наведува во текстот.

„Форбс“ натаму посочува на извештајот на Светската банка за „Доинг Бизнис 2013″, кој ја вброи Македонија меѓу првите пет најголеми реформатори во светот, а „Форбс“ ја оцени како 37-ма на својата листа на „Најдобри земји за бизнис” минатата година, 45 места повисоко отколку во 2007 година.

– Со можности проширување на производството, слободни економски зони, недвижности, туризам, земјоделството и многу другите сектори, сега е вистинското време да се инвестира во Македонија, заклучува весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП