Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните за прекршоците што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и предвидените глоби.
Пречекорување на брзина во населено место (дозволена брзина до 50 km/h, по исклучок до 70 km/h со знак)
до 10 km/h над дозволеното – 15 €
од 10 до 30 km/h – 50 €
од 30 до 50 km/h – 300 € + забрана за управување 3–12 месеци
Пречекорување на брзина надвор од населено место (130 km/h автопат • 110 km/h пат за моторни возила • 90 km/h други патишта)
до 30 km/h над дозволеното – 20 €
од 30 до 50 km/h – 50 €
од 50 до 70 km/h – 300 € + забрана за управување 3–12 месеци
Поминување на црвено светло
250 € глоба
забрана за управување 3–12 месеци
Непрописно запирање и паркирање (пешачки премини, крстосници, мостови, зелени површини, места за лица со попреченост, велосипедски патеки, тротоари, автобуски постојки и други критични локации)
глоби од 25 €, 40 €, 150 € и 180 € (во зависност од видот и тежината на прекршокот)
Учество во сообраќај со нерегистрирано возило (без важечка сообраќајна дозвола или без регистарски таблици)
500 € глоба
ако истекот на сообраќајната дозвола е до 30 дена – 100 €
Намалување на санкциите
Плаќање во рок од 8 дена → се плаќа 50% од глобата
Ако има и забрана за управување → се изрекува во половина од пропишаниот рок