Просечната бруто плата во Србија пресметана за ноември 2025 година изнесувала 154.772 динари, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесувала 111.987 динари(954 евра).
Растот на бруто заработката во периодот јануари-ноември 2025 година, во споредба со истиот период минатата година, номинално изнесувал 11,3 проценти, односно реално 7,0 проценти, додека просечната нето плата е повисока за 11,2 проценти номинално, односно реално за 6,9 проценти, објави Републичкиот завод за статистика на Србија.
Во споредба со истиот месец од претходната година, просечната бруто плата за ноември 2025 година е номинално повисока за 11,4 проценти, а реално за 8,4 проценти, додека просечната нето плата е номинално повисока за 11,2 проценти, односно реално за 8,2 проценти.
Медијалната нето заработка за ноември 2025 година изнесувала 86.702 динари, што значи дека 50 проценти од вработените оствариле заработка до наведениот износ.
Највисока нето заработка сè уште е евидентирана во компјутерското програмирање, 287.477 динари(2450 евра), и експлоатацијата на сурова нафта и природен гас, 264.552 динари.



