Без индустријализација нема Македонија, пишува во својата последна колумна, Виктор Грозданов, рударски инженер и колумнист велејќи дека Македонија не смее да биде заложник на утопии кои се стратешки создадени врз стравот на граѓаните. Нашата држава не смее да биде увозно зависна од други држави кои не ги почитуваат правилата на ЕУ за заштита на животната средина.
Според Грозданов, нашата држава мора сама да создава и произведува материјални добра кои ќе се одразат позитивно кон демографијата, економската стабилност, образованието и кон животната средина.
„Дали ни треба комплетна индустријализација? Одговорот оди во две насоки, прво зборот “треба” мора да го исфрлиме од македонскиот вокабулар зошто е синоним на идно време со значение се лажеме самите себе. Втората насока е во следниве чекори: 1: За да не загадуваат индустриските комплекси мора државата да утврди што се внесува во Македонија за тоа да отиде во печките;
2:Оној кој внесува високо загадувачки материјали како основно гориво за неговата печка има веднаш да се најде пред правосудните органи и има да му се суди кривично за екоцид;
3: Оној кој врши притисок врз медиумите со дезинформации за кривично дело екоцид исто така има да се најде пред правосудните органи;“, пишува Грозданов во својата колумна.
Тој исто така посочува дека државата мора да се сврти кон научниците, кај професионалци кои ги разбираат индустриските процеси и кои знаат како да се постигнат максимални ефекти за економски развој без притоа да се загрози здравјето на човекот или животната средина.



