2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоговорен бројот на дозволи за превоз на стока за 2014 со Италија

Договорен бројот на дозволи за превоз на стока за 2014 со Италија

Tabanovce_avtopat

Македонско-италијанската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и стока во патниот сообраќај потпиша протокол со кој е
договорено за 2013 година да се размени дополнителен контингент од 50 поединечни транспортни дозволи за превоз на стока за возила со ЕУРО 5 стандард.

За 2014 година договорени се 550 дозволи повеќе од оние предвидени за оваа година.

На состанокот на македонско-италијанската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и стока помеѓу Република Македонија и Република Италија на 26 и 27 овој месец,
како што соопшти Министерството за транспорт и врски, е договорена прелиминарната квота на дозволи за превоз на стока за 2014 година. Договорени се 950 билатерални обични
дозволи за сите категории возила, 2.000 билатерални дозволи за возила со ЕУРО 3 стандард, 1.900 билатерални дозволи за возила со ЕУРО 5 стандард и 400 билатерални дозволи
валидни за комбинирано влечење, што е за 550 дозволи повеќе од досегашната квота дозволи помеѓу Македонија и Италија. Со нив, според Министерството, ќе се задоволат
потребите на македонските превозници за превоз на стока кон Италија.

Министерството за транспорт и врски континуирано одржува состаноци на мешовитите комисии за превоз во меѓународниот патен сообраќај за дополнување на квотите на
транспортни дозволи и либерализирање на превозот со земјите со кои остваруваме економска размена со цел овозможување на непречен транспорт за македонските
транспортери.

Преку овие активности веќе е овозможено целосно либерализирање на превозот повеќе земји со кои Република Македонија остварува економска размена, како и дополнување на
контингентите за земјите со кои се разменуваат транспортни дозволи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП