20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПо две години пауза во понеделник излегува новиот Saab

По две години пауза во понеделник излегува новиот Saab

Saab-new-era-04

Шведскиот производител на автомобили во декември 2011-та година, кога прогласи банкрот, работеше на новата верзија на седанот „9-3“.

Компанијата „NEVS“ го купи „Saab“ во август 2012-та година и сега планираат да го продолжат паузираното производство на седанот „9-3“ на бензински погон.

Автомобилите на шведскиот производител во понеделник за прв пат по две години пауза ќе излезат од производната лента, откако компанијата прогласи банкрот.

„Првиот автомобил ќе излезе од производната лента во понеделник“, изјави портпаролот на NEVS, Микел Оестлунд.

Шведскиот автомобилски гигант во декември 2011-та година работеше на новата верзија на седанот „9-3“, но беше принуден да го прекине неговиот развој поради недостаток на средства.

Компанијата „NEVS“, која е во кинеска сопственост и која го купи „Saab“, има во план да го продолжи производството на моделот „9-3“, но во најава е и електрична верзија на седанот за во 2014-та година, која ќе биде наменета за кинескиот пазар.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП