10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе одложува договорот помеѓу Грција и Тројката

Се одложува договорот помеѓу Грција и Тројката

grcija1

Договорот помеѓу Грција и нејзините меѓународни кредитори, неопходен за одмрзнување на новата транша на кредити за помош, ќе биде одложен, вели грчкиот министер Јанис Стурнарас.

Враќањето на претставниците на ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд првобитно било предвидено за во понеделник, пренесува агенцијата Франс прес.

Меѓутоа, Стурнарас пред новинарите во Атина рече дека доворот сеуште не е постигнат и дека целта е да се постигне до крајот на годината.

Техничкиот тим на „тројката“ ќе ги продолжи преговорите со грчката влада во понеделник, а претставниците на кредиторите ќе се вратат во Атина после состанокот на еврогрупата, закажан за 9 декември, рече Стурнарас.

На Грција и се брза да ги заврши преговорите пред да го преземе претседателството во ЕУ во јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП