ПочетнаАВТОБИЗШто се случува со Manta? Дали „Opel“ ги менува плановите?

Што се случува со Manta? Дали „Opel“ ги менува плановите?

„Opel“ засега го одложи враќањето на „Manta“. Откако брендот одлучи да ја преиспита својата целосно електрична иднина, новиот EV модел што би го носел името на познатиот автомобил од минатото на брендот е исто така одложен за некое друго време.

Концептот за купе „Manta“ привлече големо внимание во 2021-ва година поради своето име и дизајн, а беше најавено и сериско производство на модел под тоа име, но сега е на чекање.

„Проектот ‘Manta’ постои, има дизајнирани модели, но ниту еден од нив нема да се појави на пазарот пред 2030-та година“, изјави шефот на „Opel“, Флоријан Хјетл, за германското списание „Spiegel“.

Првично, легендарниот автомобил требаше да се оживее како електричен модел до средината на оваа деценија, како што Хјетл и неговите претходници постојано најавуваа.

Купето „Manta“ имаше голема база на обожаватели во 1970-тите и 1980-тите. „Manta B“ стана омилена меѓу тјунерите, кои беа среќни да го надградат автомобилот.

Според Хјтел, „Оpel“ ги промени своите среднорочни приоритети. Новата верзија на „Corsa“ и новите „SUV“ модели ќе имаат предност пред новата верзија на „Manta“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП