18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолската економија порасна за 1,9 проценти

Полската економија порасна за 1,9 проценти

polskapolpol1

Бруто домашниот производ (БДП) на Полска во третиот квартал е зголемен за 0,6 проценти, а на годишно ниво зголемен е за 1,9 проценти, потврди денес заводот за статистика на оваа земја.

Долго очекуваниот раст на домашната потрошувачка беше добар знак за понатамошното оживување на економијата на Полска, која, како што потсетува словачката агенција „Sita“, е најголема економија во средна Европа.

Деталните податоци за структуралниот раст на БДП се показатели дека главен двигател на економскиот раст и понатаму е извозот. Тој за вкупниот годишен раст на економијата допринел со 1,4 процентни поени.

На зголемувањето на економскиот раст во третиот квартал, за разлика од петте претходни квартали, влијаела и домашната потрошувачка. Потрошувачката на годишно ниво е зголемена за 0,5 проценти, откако во претходното тромесечје се намалила за 1,7 проценти.

Меѓугодишниот раст на приватната потрошувачка од јуни до септември е зголемен на еден процент, од 0,2 проценти колку што беше во второто тромесечје од оваа година.

Во третиот квартал се зголемени и вложувањата во полската економија и тоа за 0,6 проценти на годишно ниво. Во текот на претходниоте четири квартали овие вложувања беа намалени, потсетуваат статистичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП