2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпаниите кои најмногу се рекламираат на Facebook

Компаниите кои најмногу се рекламираат на Facebook

fb ads

„Facebook“ прави приходи од 2 милијарди долари за квартал, а 1.8 милијарди долари од нив доаѓаат од платените реклами. На крајот на 2012-та и почетокот на 2013-та година „Facebook“ ставија крај на „промоцијата“, откако го ограничија прикажувањето на постовите на бизнис страниците. Така публикациите веќе не се гледаат кај сите фанови и компаниите требаше да започнат оваа услуга да ја плаќаат, нормално доколку сакаат да стигнат до поголема публика.

Од социјалната мрежа не откриваат кои се најголемите компании кои најмногу се рекламираат кај нив. Од „BusinessInsider“ сепак подготвија рејтинг на најголемите компании кои се рекламираат на „Facebook“, а тоа го сторија со користење на податоци од „ComScore“. Можно е рангирањето да не е сосема точно, бидејќи податоците, како што рековме, не се официјални од „Facebook“, а се составени од други извори.

Еве кои се компаниите кои најмногу се рекламираа на „Facebook“ во изминатите 12 месеци:

1. „Samsung“ – 100 милиони долари.

„Samsung“ е можеби најголемиот клиент на „Facebook“. Минатата година тие потрошија 10 милиони долари само за тринеделна кампања за претставување на „Galaxy S III“.

2. „P & G“ – 60 милиони долари.

„Procter & Gamble“ има солидно присуство на „Facebook“, особено меѓу мајките. Компанијата има огромен буџет, а во моментот кога „Facebook“ одлучи да ја промени својата политика и да ги намали прикажувањето на публикациите, се совпадна со моментот во кој компанијата одлучи да се пренасочи од традиционалните медиуми кон социјалните.

3. „Microsoft“ – 35 милиони долари.

Компанијата соработува со „Facebook“, кои имаат корист од нејзиниот пребарувач „Bing“. „Facebook“ го купи и серверот „Atlas“ од „Microsoft“.

4. „AT & T“ – 30-35 милиони долари.

„Facebook“ е најголемата мобилна апликација во светот и компанија како „AT & T“ треба да има присуство таму.

5. „Amazon“ – 30 милиони долари.

Голем дел од сообраќајот на Amazon доаѓа од тоа дека на луѓето им се допаѓа или препорачуваат купувања од „Facebook“.

6. „Verizon“ – 30 милиони долари.

„Facebook“ ги мами мобилните оператори со статистика која покажува дека мобилните реклами на социјалната мрежа се со 9 пати поефикасни од реклами на десктоп, а со тоа да ги убедат луѓето да го заменат својот мобилен оператор.

7. „Nestle“ – 30 милиони долари.

Оваа година „Nestle“ го спонзорира „Grumpy Cat“.

8. „Unilever“ – 30 милиони долари.

Две од 5 -те реклами кои оваа година најмногу биле споделувани на интернет се од „Unilever“ – едната е „real sketches“ на „Dove“, а другата е турска реклама за сладолед „Cornetto“.

9. „American Express“ – 25 милиони долари.

„AmEx“ троши многу на социјалните медиуми. Во моментов имаат кампања „член од … “, која лепи значка на вашата страница, со која се фалите од кога ја користите картичката.

10. „Walmart Walmart“ е најпопуларниот супермаркет на „Facebook“.

11. „Coca- Cola“.

„Coca –Cola“ има 76 милиони фанови на „Facebook“ со што е најпосакуваниот бренд во светот.

12. „Starbucks“.

„Starbucks“ е на 4 -то место во рангирањето за најмногу фанови на „Facebook“.

Од 13-то до 16 -то место се „King.com“, „Zynga“, „EA“ и „Supercell“. Овие компании се ставени заедно во рангирањето, бидејќи се производители на игри и се на „Facebook“, затоа што мрежата е огромна платформа за маркетинг на апликации.

17. „Ford“.

„Ford“ има над 80 страници на „Facebook“ и огромен тим, кој се занимава со рекламирањето на интернет.

18. „Capital One“ – 20 милиони долари.

Финансиската институција има скоро 3 милиони фанови на страницата, што не е многу, затоа што Лејди Гага има 60 милиони.

19. „eBay“ – 20 милиони долари.

„eBay“ добива многу сообраќај од „Facebook“.

20. „AB Inbev“ – 15 милиони долари.

Страниците на компанијата, на кои продаваат пиво, се со ограничување за возраста, што го ограничува бројот на фанови.

21. „Visa“ – 15 милиони долари.

Компанијата има 11 милиони фанови, со што е еднаква на „NFL“.

22. „Intuit“ – 10 милиони долари.

Компанијата прави софтвер и таргетирање со рекламите на мали бизниси.

23. „L’Oreal“ – 10 милиони долари.

„L’Oreal“ дава совети за убавина на „Facebook“. Постојат бројни страници на различни производи, како и од различни држави.

24. „Mastercard“ – 10 милиони долари.

Нормално е дека е присутна на најголемата друштвена мрежа, каде што се нејзините главни конкуренти – „AmEx“ и „Visa“.

25. „Weight Watchers“ – 5 милиони долари.

Мотото на компанијата е „диета во група“ – а има ли поголема група од „Facebook“.

26. „State Farm“ – 2 милиони долари.

Имаат само 1,5 милиони фанови.

27. „Ancestry“.

Сајтот за генеологија мами клиенти „Facebook“.

28. „Dell“.

Каде се продаваат компјутери најдобро? На интернет!

29. „Macy’s“.

„Macy’s“ тоа го прави многу добро со тоа што ангажира луѓето да зборуваат за неа – преку парадата на Денот на благодарноста, Огномет на 4 јули и др. социјални настани кои ги организира.

30. „Disney“.

Главната фан страница на компанијата има над 45 милиони фанови.

Малку надвор од топ 30 остануваат „Victoria’s Secret“, „Citi“, „Sony“, „Mondelez/Kraft“ и „Zulily“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП