„BMW“ ја претстави спортската „M“ верзија наменета за купувачите на моделот „Seriеѕ 2 Coupe“.
Каталогот за „BMW Seriеѕ 2 Coupe“ ги вклучува дополнителните елементи на надворешноста, како што се аеродинамичните сегменти од јаглеродни влакна на страните, долните делови на предниот и задниот браник, како и ретровизорите, но и хормираните завршетоци на издувните цевки.
Купувачите, меѓу другото, можат да одлучат и за спортска суспензија која од стандардниот модел е пониска за 20mm, клештите од сопирачкиот систем се во црвена, жолта или портокалова боја, два вида на специјално дизајнирани 19 инчни алуминиумски бандажи.
Во внатрешноста на возилото во понудата се детали од алкантара и јаглеродни влакна, педалите за команди се од нерѓосувачки челик.
Покрај тоа, достапен е и специјален тркачи „M“ волан со дисплеј на горниот дел.
Што се однесува до подобрувањата на полето на моторизацијата, купувачите на моделот 220d ќе имаат опција 2.0 литарскиот „TwinPower“ турбо-дизел мотор да се замисли за 16 ks и 40 Nm, па така агрегатот ќе испорачува 200 ks и 420 Nm.
„M Performance“ пакетот за „BMW Serieѕ 2 Coupe“ ќе биде достапен од март 2014-та година.