ПочетнаЕКОНОМИЈАКина престана да купува струја од Русија поради високата цена

Кина престана да купува струја од Русија поради високата цена

Од 1-ви јануари 2026-та година, Кина престана да купува електрична енергија од Русија поради високата цена, која ги надминува трошоците за локално производство, пишува руското издание „Комерсант“, повикувајќи се на свои извори.

Договорот за снабдување е до 2037-ма година, а извозот може да се продолжи доколку има нови нарачки, велат тие.

Снабдувач на електрична енергија за Кина е компанијата „Интер РАО“, која извезува вишоци од производството на Далечниот Исток. Планирано е годишните испораки да бидат во износ од околу 4 терават часови.

Комерсант прецизира дека формулата според која се формира цената на електричната енергија за извоз не е јасна. Во Кина, цената е фиксна на 350 јуани (околу 50 долари) за мегават час, додава изданието. Во јануари, цената на електричната енергија на Далечниот Исток достигна 4.200 рубли (55 долари) за мегават-час.

Интер РАО потврди за изданието дека договорот не е раскинат и дека се бараат начини за продолжување на снабдувањето.

Во просек, во периодот 2012-2020 година, Интер РАО испорачувала околу 3 терават-часови електрична енергија годишно во Кина, што е јасно и од извештаите на компанијата, до кои руското издание има пристап. Во 2021-ва година, тие нагло се зголемија на 3,97 терават-часови на барање на кинеската страна, а во 2022-ра година е забележан врв од 4,7 терават-часови.

Сепак, после тоа, во регионот почнаа да се остваруваат помали вишоци и извозот почна да се намалува.

„Главен приоритет за Министерството за енергетика е прво да обезбеди електрична енергија за динамично развивачката економија на Далечниот Исток“, се вели во изјавата на институцијата за Комерсант.

Извозот може да продолжи под заемно корисни услови, додадоа тие.

Според извештајот во „Чајна дејли“, учеството на електричната енергија во потрошувачката на финална енергија во Кина се зголемува – во 2024 година ќе достигне 28,8% (зголемување од 0,9 поени), што го надминува нивото во многу европски земји. Ова се должи на сè пораспространетата електрификација на транспортот, како и на греењето, се додава во публикацијата.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП