28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕвропските банки имаат потреба од дополнителен капитал

Европските банки имаат потреба од дополнителен капитал

bank121bank121

Европските банки следната година ќе имаат потреба од 280 милијарди евра дополнителен капитал со цел да го избегнат повторувањето на глобалната финансиска криза.

Извештајот на ревизорската куќа „PwC“ покажува дека банките ќе бидат принудени да се свртат кон пазарот и поголем дел од капиталот кој им недостасува да го соберат со издавање на нови акции, бидејќи поинаков начин на собирање на средства, вклучувајќи ја и продажбата на имот, нема да успее да ја „закрпи дупката“, пренесува агенцијата Франс прес.

„PwC“ верува дека банките со издавање на акции би можеле да соберат околу 180 милијарди евра.

„Пред европските банки има уште неколку турбулентни години, во време кога се обидуваат да го зголемат капиталот согласно глобалната регулаторна рамка Базел III“, изјави финансискиот експерт на „PwC“ Мајлс Кенеди

Според прописите Базел III, кој во фази ќе се спроведува од 2013 до јануари 2019 година, банките мораат да го зголемат висококвалитетниот капитал на седум проценти од вкупната актива. Покрај тоа, банките во еврозоната во наредната година ги очекува преглед на книгите од страна на Европската централна банка, за да се утврди дали се доволно заштитени од евентуална нова криза.

Многу меѓународни банки мораа да побараат помош од државата во текот на глобалната финансиска криза од 2008 година, кога хипотекарните кредити станаа ненаплатливи.

„Иако условите на пазарот на капитал се се поволни, 180 милијадри евра е голема бројка за пазарот да ја апсорбира во краток рок. Конкуренцијата за набавка на нов капитал ќе биде остра“, сметаат од „PwC“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП