ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвростат: Туризмот во Европската Унија во 2025 година достигна рекордни 3,08 милијарди...

Евростат: Туризмот во Европската Унија во 2025 година достигна рекордни 3,08 милијарди ноќевања

Во Европската Унија во 2025 година се реализирани околу 3,08 милијарди туристички ноќевања, што е за два проценти повеќе отколку во 2024 година, објави Евростат, напоменувајќи дека минатата година била туристички рекорд.

Растот на ноќевањата е првенствено резултат на зголемувањето на бројот на меѓународни туристи, кој бил за 46,1 милиони повеќе отколку во 2024 година, додека ноќевањата на домашните туристи пораснале побавно, за околу 15,4 милиони.

По вид на сместување, хотелите и сличните објекти регистрирале 1,9 милијарди ноќевања, односно 63 проценти од вкупниот број, викендички и краткорочни сместувања 743 милиони, односно 24 проценти, а камповите 413 милиони ноќевања – 13 проценти.

Речиси сите членки на ЕУ регистрирале зголемување на ноќевањата, при што Малта постигнала највисоко – повеќе од 10 проценти, по што следуваат Полска – повеќе од седум проценти и Латвија повеќе од шест проценти.

Меѓу земјите со највисок раст во 2025 година се Литванија, Луксембург, Словенија, Словачка, Унгарија, Бугарија и Кипар, додека единствен пад е забележан од Романија – помалку од еден процент и Ирска – помалку од два проценти.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП