Во срцето на Скопје, кај Битпазар, сведоци сме на значајна интервенција на постоечка станбена зграда со изградба на два дополнителни спрата над оригиналниот кров.
Овој потфат, иако не е редок во урбаните средини, отвара важни прашања за легалноста, структурната безбедност и усогласеноста со урбанистичките и градежните прописи.
Дали конструкцијата е безбедна?
Изградба на два спрата врз постоечката зграда значително го зголемува товарот врз основната конструкција и без соодветна проценка и засилување можа да предизвика статичка нестабилност, зголемен ризик при земјотреси, како и проблеми со инсталациите.
Делот кај Битпазар е со мешана станбена и деловна инфрраструктура, каде што секој метар квадратен е од вредност. Надградбите често се мотивирани од економски интерес, но мора да бидат строго контролирани.


Фото: Социјална мрежа “X”



