25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемена инфлацијата во еврозоната

Зголемена инфлацијата во еврозоната

inflacijainfinf1

Инфлацијата во еврозоната во ноември порасна на 0,9 проценти, покажуваат денес објавените податоци на европската статистичка служба „Еуростат“.

Според најновите податоци, цената на електричната енергија во ноември повторно забележала пад од 1,1 проценти, по октомвриското намалување од 1,7 проценти, додека цените на храната, пијалоците и алкохолот се зголемиле за 1,6 проценти, во споредба со претходниот раст од 1,9 проценти, соопшти Еуростат, пренесува агенцијата Франс прес.

Најновите податоци повторно поттикнаа загриженост од дефлација или пад на цените во реалните услови.

Дефлацијата е голема опасност, бидејќи ги охрабрува потрошувачите да ги одложат купувањата со надеж дека подоцна би можеле да пројдат поевтино, што може лошо да се одрази на побарувачката.

Според одделни податоци на Еуростат, стапката на невработеност во еврозоната во октомври е намалена на 12,1 проценти од 12,2 проценти кои беа забележани во септември, при што вкупниот број на невработени е намален за 61,000 на 19,3 милиони лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП