ПочетнаАВТОБИЗ„Kia“ го претставува конкурентот на караванот на „Octavia“

„Kia“ го претставува конкурентот на караванот на „Octavia“

Корејскиот производител „Kia“ продолжува да ја зајакнува својата понуда во сегментот C, бидејќи го претстави „К4 Sportswagon“ – караван наменет за клиенти кои сакаат поголем багажник и попрактичен формат, без да мора да се префрлаат на автомобили од повисока класа.

Новиот модел е логично продолжување на семејството К4, нудејќи значително зголемување на функционалноста.

Главната разлика со стандардниот „К4“ е зголемената должина на каросеријата, што овозможува зголемување на волуменот на багажникот на 604 литри. Ова е за 166 литри повеќе од хечбекот и го прави „Sportswagon“ еден од најобемните модели во сегментот.

Карванот е позициониран помеѓу сегментите Ц и Д, фокусирајќи се на оние на кои им е потребен простор без големите димензии на поскапите модели. А како главни конкуренти од „Kia“, тие ги посочуваат „Skoda Octavia Combi“, „VW Golf Variant“ или „Opel Astra Sports Tourer“.

„Sportswagon“ ја користи архитектурата „K4“, но ја проширува со нови конфигурации. Основниот мотор е 1.0 T-GDI со 114 ks, достапен со мануелен менувач или благ хибрид MHEV и 7-брзински DCT „робот“. Потоа доаѓа 1.6 T-GDI со 148 или 178 ks, исто така со седумбрзински DCT.

Производителот објави дека целосно опремен HEV хибрид ќе се придружи подоцна во 2026-та година и ќе биде еден од клучните двигатели на продажбата поради ниската потрошувачка на гориво. За љубителите на динамиката, се нуди „GT-Line“ верзија – со модифицирани браници, сјаен црн декор и спортски акценти во кабината.

Внатрешноста доби свој панорамски екран, кој комбинира инструмент табла од 12,3 инчи, екран од 5,3 инчи со клима систем и мултимедијален дисплеј од 12,3 инчи. Платформата CCNC овозможува брза навигација, OTA ажурирања и далечински пристап. Безжичните „Apple CarPlay“ и „Android Auto“ се стандардни за моделот.

Највисоките нивоа на опрема нудат безжично полнење, греење и вентилација на седиштата, аудио систем „Harman Kardon“, систем„ Digital Key 2.0“. За секојдневна погодност, „Sportswagon“ добива ексклузивна опција – електрична врата на багажникот.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП