ПочетнаЕКОНОМИЈАШтедите за црни денови? Еве зошто Маск мисли дека тоа денес е...

Штедите за црни денови? Еве зошто Маск мисли дека тоа денес е бесмислено

Штедењето за пензионирање наскоро би можело да стане бесмислено, ако се остварат предвидувањата на Илон Маск за иднината обликувана од вештачката интелигенција. Имено, директорот на Tesle и SpaceX тврди дека вештачката интелигенција, заедно со напредокот во енергетиката и роботиката, ќе создаде свет на изобилство во кој секој ќе има пристап до сè што му е потребно, вклучувајќи врвна здравствена заштита и образование.

„Една препорака што ја имам е да не се грижите за штедење за пензионирање за 10 или 20 години. Нема да биде важно“, рече Маск во најновата епизода од подкастот „Moonshots with Peter Diamandis“. „Ако нешто од она што го кажуваме е точно, штедењето за пензионирање ќе стане ирелевантно, бесмислено.“

Најбогатиот човек во светот, чие богатство се проценува на повеќе од 600 милијарди долари, опиша иднина во која експлозивниот раст на продуктивноста ќе овозможи таканаречен универзален висок приход. Во такво сценарио, тврди Маск, секој би можел да има „што сака“, без недостиг на стоки и услуги, објавува Business Insider.

„Добра иднина значи дека секој може да има сè што сака“, рече тој. Според него, ова би вклучувало „подобра здравствена заштита од онаа што ја има кој било денес, достапна за сите во рок од пет години“, како и можност за „учење за која било тема бесплатно“.

Но, Маск предупреди дека патот до таков свет нема да биде лесен. Транзицискиот период, рече тој, би можел да биде обележан со силни социјални превирања, губење на работни места и чувство на бесмисленост. „Ако навистина добиете сè што сакате, дали е тоа дури и иднината што ја сакате“, праша Маск. „Бидејќи тоа значи дека вашата работа повеќе нема да биде важна“.

Неговите компании развиваат автономни возила, хуманоидни роботи, интерфејси на мозок-компјутер, асистенти со вештачка интелигенција и голем број други технологии, а самиот тој отворено зборува за својата амбиција да стане првиот трилионер во историјата. Со електричните возила, Тесла ја трансформираше автомобилската индустрија, а со ракетите за повеќекратна употреба на SpaceX, го промени вселенскиот сектор.

Но, оптимистичката визија на Маск се судира со секојдневниот живот со кој се соочува голем дел од населението на САД. Долгорочната инфлација, високите каматни стапки и слабиот раст на платите доведоа до сериозна криза со прифатливоста на трошоците.

Милиони Американци се соочуваат со цени и трошоци што им оневозможуваат да студираат, да пристапат до квалитетна здравствена заштита, да купат дом или да планираат семејство. Удобното пензионирање им изгледа недостижно на многумина, а истражувањата редовно покажуваат дека мнозинството граѓани не штедат доволно за старост.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП