ПочетнаЕКОНОМИЈАБлизу 350 милиони потрошиле македонците во домашните Е - продавници

Близу 350 милиони потрошиле македонците во домашните Е – продавници

Асоцијацијата за Е – трговија ги анализира последните податоци кои ги објави Народната банка, а се однесуваат на плаќањето по пат на онлајн.

Податоците велат дека во првите 9 месеци од ланската година вредноста на онлајн трансакциите има двоцифрен раст. Во анализираниот период забележано е дека се реализирани онлајн трансакции вредни 693.1 милиони евра, а тоа претставува раст од 30% споредено со 2024 година.

Со македонски картички кон македонски е-трговци се реализирале 338.5 милиони евра, остварен пораст од 18% бројот на реализирани трансакции од македонци кон странски е-трговци се зголемил за 63.2%, додека вредноста за 45%. Просечната трансакција на македонците кон странските е-трговци се намалила за 11.3%

Во првите три квартали од 2025 година вредноста на вкупните трансакции направени кон е-продажни места од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 42,626 милиони денари или 693,1 милиони евра, што преставува пораст од 30% во однос на истиот период минатата година кога изнесуваше 533 милиони евра.

Податоците велат дека најголем апсолутен дел од растот и понатаму го носат домашните картички користени за купување од домашни е-трговци, каде вредноста на трансакциите порасна од 286,9 на 338,5 милиони евра, односно за 18%. Сепак, најдинамичен раст се забележува кај вредноста која Македонците со своите картички ја направиле кон странски е-трговци во износ од 19,461.2 милиони денари или 316.4 милиони евра што преставува пораст од 45% во однос на истиот период минатата година. Иако во апсолутен износ вредноста на трансакциите со странски картички кај домашни е-трговци е мала, позитивен сигнал за македонската економија е растот од 38%, што ја зголемува вредноста од 27,7 на 38,2 милиони евра.

„Покрај растот на вредноста, е-трговијата бележи и значително зголемување на бројот на онлајн трансакции, кој во периодот Q1–Q3 2025 достигна 21 милион, што е 30,2% повеќе споредено со истиот период во 2024 година. Најизразен пораст повторно се забележува кај домашните картички кон странски е-трговци, со раст од дури 63,2%, што укажува на зголемена фреквенција на онлајн купувања, најчесто со пониска поединечна вредност. Бројот на трансакции кај домашните е-трговци исто така расте, но со поумерено темпо односно остварени се 10.6 милиони трансакции што преставува пораст од 10.4% во однос на истиот период минатат година“, стои во анализта на Асоцијацијата за е- трговија Дополнително, податоците за првите девет месеци од 2025 година покажуваат силно забрзување на е – трговијата и тоа не само со направени онлајн нарачки туку и платени со платежни картички односно остварен раст од 30% на вкупната вредност на онлајн трансакциите во однос на истиот период лани.

„Особено изразен е порастот кај трансакциите со домашни картички кон странски е-трговци, каде вредноста е зголемена за 45%, а бројот на трансакции за над 63%. Ефектот на Тему кој има илјадници нарачки дневно се отсликува во овие податоци целосно со оглед дека единствениот начин на плаќање кој до сега се нудеше на платформата беше со платежна картичка и охрабри многу граѓани потикнати од широката понуда, ниските цени и бесплатната достава за првпат да направат онлајн купување со платежни картички. Неодамнешната одлука на Temu да воведе и кеш на достава претставува прилагодување кон локалните навики, но воедно отвора прашање дали овој чекор ќе го забави позитивниот тренд на дигитални плаќања“, изјави Претседателката на АЕТМ, д-р Нина Ангеловска Станков.


Нерамномерниот пораст на вкупната вредност и бројот на онлајн трансакциите јасно се рефлектира и во просечниот износ по трансакција. Имено просечната вредност остварена за купување со македонски картички од странски е-трговци се намалила за 11.3% и изнесува 34.6 евра, додека кон домашните е-трговци се зголемила за 7% и изнесува 32 евра, а со тоа на вкупното ниво просечната вредност останува иста односно 33 евра.

Во текот на првите 9 месеци од 2025 година, регистрирани се 175 новоотворени онлајн продажни места, што претставува значаен показател за зголемена понуда и заинтересираност на бизнисите да влезат во е-просторот и да започнат со онлајн продажба.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП