Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 1/2026 за долгови доспеани до 30.09.2025 и неплатени до 31.12.2025 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.01/2026 објавени се 2032 должници – правни лица (помалку за 17 од претходната листа) и 3884 физички лица (помалку за 204 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.01/2026 изнесува 12.412.009.343 денари, (повеќе за 17.999.039 денари од претходната листа).
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.198.980.979 денари, (повеќе за 15.744.599 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 213.028.364 денари (повеќе за 2.254.440 од претходната листа).
Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.



