2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХоландија го загуби врвниот рејтинг

Холандија го загуби врвниот рејтинг

holandija1

Холандија го загуби врвниот кредитен рејтинг „ААА“, бидејќи американската агенција за кредитен рејтинг „Standard & Poor`s – S&P“ го намали на „АА+“.

Како причина, се наведува слабата перспектива на економскиот раст на Холандија.

„Намалувањето на рејтингот го отсликува нашиот страв дека перспективите за економскиот раст на Холандија сега се послаби од првичното предвидување“, се наведува во соопштението на агенцијата, пренесува Франс прес.

„Трендот на стапката на раст на реалниот бруто домашен производ (БДП) по глава на жител е постојано понизок во однос на соседните земји кои се на слично ниво на економски развој“, се додава во соопштението на „S&P“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП