Американскиот нафтен гигант „Шеврон“ и инвестицискиот фонд „Квантум Капитал Груп“ планираат да поднесат заедничка понуда за преземање на целиот имот на руската компанија „Лукоил“ надвор од Русија, чија вредност се проценува на 18,8 милијарди евра. Администрацијата на Доналд Трамп е известена за предлогот, додека преговорите траат до 17 јануари 2026 година и зависат од одлуката на Министерството за финансии на САД и одобрението од регулаторите.
Понудата ги вклучува сите нафтени и гасни капацитети, рафинерии и малопродажна мрежа на „Лукоил“ надвор од Русија, вклучувајќи повеќе од 2.200 бензински пумпи распоредени низ Европа, Азија и Блискиот Исток. Компанијата се одлучи за овој потег откако САД и Велика Британија воведоа санкции насочени кон продажба на нафта и деривати на вториот најголем производител во светот, рускиот „Лукоил“, кон средината на октомври 2025 година, што ја забрза одлуката за продажба на странски средства.

