24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung во маркетинг инвестира 14 милијарди долари

Samsung во маркетинг инвестира 14 милијарди долари

samsung marketing

Еден од факторите кој го доведе „Samsung“ на местото на кое е денеска, е со сигурност маркетингот. Овој корејски производител тоа многу скапо го плаќа.

Имено, како што пренесуваат одредени медиуми, се очекува „Samsung“ во оваа година на маркетинг активностите да потроши дури 14 милијарди долари. Овој износ претставува 5.4 проценти од вкупните приходи на компанијата, а само за споредба „Apple“ на маркетинг троши дури 0.6 проценти од приходот. „Samsung“ со овој удел се најде на првото место на табелата меѓу 20-те најбогати компании.

Според информациите кои пристигнуваат од претставниците на „Samsung“, вложувањето и тоа како се исплатело, затоа што компанијата стана далеку најголемиот производител на смартфони, но и на обични мобилни телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП