8 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА7 елементи на добро поставена организација

7 елементи на добро поставена организација

mckinseysmodel1

Добро поставената организација секогаш ќе дава повеќе од другите организации, ќе има подобри перформанси и секогаш ќе се обидува своите способности да ги подигне на повисоко ниво. Добро организираната и поставената организација, на крајот на денот, секогаш ќе ги постави следните прашања:

„Во што денес бевме подобри, отколку вчера?“

„Што научивме?“

„Да ли нашето работење е професионално и ефикасно?“

Добро организираната организација секогаш има позитивни одговори на овие и слични прашања, бидејќи таа секојдневно работи на своите перформанси. Но сепак, како да направиме добра организација?

Во светот, често се применува McKinsey 7 “S” моделот, кој во себе содржи 7 елементи на добро поставена организација. Значи 7-те основни елементи на добро поставена организација се:

Структурата на организацијата е поставена по строга хиерархија, со јасно поставени правила како да се напредува. Структурата и организацијата им се јасни на сите вработени, правилата на „играта“ се познати и секој вработен го познава своето место во организацијата и својата перспектива. Сите вработени се заменливи и одговараат за својата работа, без разлика на кое работно место се вработени.

Системот ја претставува постапката на работењето на компанијата. Системите на комуникација, известување, планирање, анализа, квалитет и сл. мораат да бидат поставени во склад со генералната стратегијата на компанијата.

Стратегија претставува микс на општи мерки и активности, кои треба да се реализираат, а се со намера да се реализираат поставените цели на компанијата.

Заедничките вредности се посебен квалитет и посебен проблем на секоја компанија. Доколу создадете натпреварувачка клима во Вашата компанија и систем на вреднување каде вработените се вреднуваат врз основа на тоа што тие возат или какво одело носат, Вашата компанија е во незавидна позиција. Меѓутоа доколку создадете натпреварувачка клима свртена кон пазарот, кон Вашите конкуренти, ако Вашите вработени се вреднуваат врз основа на нивниот квалитет на работење, доколу повеќе се вреднуваат отвореност и соработка, тогаш Вашата компанија ќе напредува.

Селекцијата на способни и талентирани вработени, станува императив на успешните компании. Добро селектиран, обучен и поставен на соодветно работно место вработен, дава и до 5 пати подобри резултати за разлика од неселектиран вработен. Доколку имате вработени кои се селектирани врз основ на други критериуми, а не врз основ на нивните способности, вие немате врвни играчи, а со тоа ни врвен тим со кои ќе реализирате врвни резултати.

Вештините на вработените се од голема важност. Доколку имате вработен кој поседува различни вештини , тој ќе може да работи за повеќе вработени. Ќе ја намалите потребата за надворешни соработници и работата поефикасно ќе се одвива.

Стилот претставува препознатлива карактеристика на одредена компанија. Врз основа на таа карактеристика таа се разликува од други компании. Стилот се однесува на начинот на работење, системот на комуникација во и надвор од компанијата, облекување, однесување… итн. Стилот се прилагодува на тимскиот дух, на желбата да се помогне на другите вработени и како заедница дадете се од себе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП