5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабавен одливот на депозити од Кипар

Забавен одливот на депозити од Кипар

kipar1

Одливот на депозити од кипарските банки е забавен во октомври, со што e достигнато најниското ниво во последните 10 месеци, соопшти кипарската централна банка.

Податоците на банката покажуваат дека вкупните депозити на крајот на октомври изнесувале 47,3 милијарди евра, само 163 милиони евра помалку во однос на претходниот месец, пренесува агенцијата АП.

Уште еден охрабрувачки знак е тоа што депозитите на граѓаните на земјите надвор од ЕУ се зголемиле за 406,6 милиони евра на месечно ниво, на 12,1 милијарди евра.

Депозитите на странските државјани пораснаа за прв пат од март, кога Кипар заедно со меѓународните кредитори го договори „болниот“ пакет за спас.

Договорот подразбираше замрзнување на неосигурените депозити во двете најголеми банки на островот, а властите, со цел да го спречат масовниот одлив на средства, воведоа строги контроли на капитал, кои подоцна делумно беа ублажени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП