ПочетнаЕКОНОМИЈА24 години по еврото во Австрија, 6,8 милијарди шилинзи сè уште неразменети

24 години по еврото во Австрија, 6,8 милијарди шилинзи сè уште неразменети

Австрија го воведе еврото на 1-ви јануари 2002-ра година, по тригодишен транзициски период во кој постоеше само како безготовинска валута. Сепак, според податоците од Австриската национална банка, 24 години по воведувањето на еврото, значителна количина шилинзи, старата австриска валута, сè уште не е разменета.

Оваа година, бројот на неразменети шилинзи е малку намален во споредба со претходната година. На крајот на ноември 2024-та година, тие изнесуваа 6,822 милијарди (494,5 милиони евра), а на крајот на истиот месец оваа година, 6,805 милијарди шилинзи сè уште беа во заборавени скривалишта или на друго место и не беа заменети за евра.

Помеѓу 1-ви декември 2024-та година и 30-ти ноември 2025-та година, според податоците објавени од Австриската национална банка по барање на австриската новинска агенција АПА, разменети се 17,4 милиони шилинзи, или 1,26 милиони евра.

Најчесто разменетата банкнота била 20 шилинзи, по што следела 100 шилинзи.

„Најчестите наоди оваа година беа откриени за време на расчистувањето на куќите“, соопшти централната банка. Банката ги наведе прозорските прагови во реновираните станови како значајно место за наоѓање стари австриски банкноти. Банкнотите од најновата серија шилинзи може да се разменуваат на неодредено време во Австриската национална банка.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП