6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата која е посилна и од тајфун

Економијата која е посилна и од тајфун

filipini1

Економскиот раст на Филипини оваа година ќе биде еден од највисоките меѓу земјите во развој, и покрај катастрофалниот тајфун која ја погоди оваа земја на почетокот на ноември.

Очекуваниот економски раст на Филипини за оваа година е седум проценти, соопштија денес властите во Манила, пренесува агенцијата АП.

Во третиот квартал од оваа година економскиот раст на Филипини е намален од 7,6 проценти на 7 проценти.

Ова е петтиот квартал по ред во кој Филипини бележи економски раст од најмалку седум проценти.

Владата во Манила очекува во четвртиот квартал забавен економски раст поради најкатастрофалниот тајфун кој досега ја погодил оваа земја и кој со себе однесе 7.000 животи и остави пустош во многу делови од земјата.

Елементарната катастрофа ги погоди најсиромашните региони во земјата, така што тоа се одрази и врз економијата. Властите очекуваат дека економскиот раст во четвртиот квартал ќе биде намален за само 0,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП