5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПротестираат работниците на EADS

Протестираат работниците на EADS

eadsprotest1122

Повеќе од 20.000 работници во европскиот производител на авиони „EADS“, излегоа вчера на улиците во германските градови во знак на протест поради плановите за реструктуирање на работењето, бидејќи стравуваат дека тоа ќе доведе до укинување на неколку илјади работни места.

Компанијата „EADS“, која делумно е во сопственост на владите на Франција и Германија планира наредната година да изврши комбинирање на сите производствени гранки, а спомената е и можноста за продажба на одредени деловни единици.

Компанијата треба да ги објави деталите за реструктуирањето на 9. декември, а индустриските извори истакнуваат дека според овие планови може да дојде до отпуштање на неколку илјади работници.

„Ова е само предупредување за управата да знае дека ќе се бориме доколку дојде до отпуштања“, изјавија работниците.

Во „EADS“ се вработени околу 140.000 работници во целиот свет, од кои околу 50.000 работат во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП