22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемена инфлацијата во Германија

Зголемена инфлацијата во Германија

inflacija1

Стапката на инфлација во Германија, најголемата европска економија, во ноември се зголеми, откако во октомври потона на најниското ниво во последните три години.

Трошоците за живеење во Германија во ноември се зголемија за 1,3 проценти на годишно ниво, во споредба со октомврискиот раст од 1,2 проценти, покажуваат податоците на германската канцеларија за статистика „Дестатис“.

Според хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (ХИПЦ), кој како мерило за инфлација го користи Европската централна банка (ЕЦБ), инфлацијата во Германија во ноември е зголемена за 1,6 проценти, по октомврискиот раст од 1,2 проценти.

Прелиминарните податоци за инфлацијата се пресметуваат врз основа на податоците за инфлацијата во шест од 16 германски сојузни држави, а конечните податоци за инфлацијата во сите 16 држави би требало да бидат објавени на 11 декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП