7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија: Стапка на невработеност 6,5 %

Германија: Стапка на невработеност 6,5 %

germanija1

Стапката на невработеност во Германија во месец ноември остана непроменета, односно таа и овој месец изнесуваше 6,5 проценти, соопшти Федералната канцеларија за статистика на Германија.

Во најголемата европска економија, која не ја почувствува глобалната економска криза како што ја почувствуваа земјите од ЕУ, во ноември без работа останале само 5.000 лица, со што бројот на невработени лица достигнал 2,81 милион.

Економистот Карстен Брцески изјави дека овие бројки укажуваатдека стапката на невработеност во оваа земја го достигнала најниското можно ниво, така што во иднина нема можност да се менува на пониско ниво, со што би можело да се помогне на растот на платите и да се поттикне личната потрошувачка во оваа земја.

Тој потенцираше, повикувајќи се на податоците од статистичките служби, дека потрошувачката доверба во Германија продолжила да расте, бидејќи неодамнешното намалување на каматните стапки од страна на Европската централна банка помогнало домаќинствата да ја зголемат потрошувачката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП