2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИExxon Mobil продава дел од својот удел во наоѓалиштето во Ирак

Exxon Mobil продава дел од својот удел во наоѓалиштето во Ирак

exxonmobilexxx1

Американскиот енергетски гигант „Exxon Mobil“ ќе го продаде својот удел во ирачкото нафтено наоѓалиште „Западна Круна 1“ на кинеската нафтена компанија „PetroChina“.

Продажбата на дел од акциите на „Exxon Mobil“, кој во тоа наоѓалиште има 60 проценти, следеше по спорот со централната влада во Багдад околу договорот кој оваа американска компaнија го потпиша со автономниот регион во северниот дел на Ирак, пренесува агенцијата Франс прес.

Според новиот договор, „PetroChina“ ќе првземе 25 проценти од уделот во конзорциумот на компанијата која работи на ноѓалиштето „Западна Круна 1“, но „Exxon Mobil“ исто така ќе задржи сличен дел.

Имено, во јануари 2012 година Ирак потпишал договор со „Exxon Mobil“ и британско-холандската компанија „Shell“ за развој на производството на тоа поле, кое содржи резерви од 8,5 милијарди барели нафта.

Меѓутоа, во октомври 2011 година „Exxon Mobil“ потпиша договор со ирачкиот автономен регион Курдистан, разбеснувајќи го Багдад, кој тврди дека сите договори мора да поминат низ централната влада, бидејќи во спротивно ќе бидат карактеризирани како незаконски.

Ирак повеќе пати му даде ултиматум на „Exxon Mobil“, повикувајќи го да го продаде уделот во „Западна Круна1“ или да се откаже од договорот со Курдистан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП