Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите, велат од компанијата.
Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите, велат тие.
Според нив, паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на ТИТАН УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата.
Од Цементарница Усје велат дека работењето на компанијата е постојано следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина
ТИТАН УСЈЕ поради технолошки и деловни причини работи во текот на целото денонокие. Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат. Поради поголемата сезонска побарувачка на цемент, производството е поголемо во текот на летните месеци, отколку во зима, се вели во соопштението на компанијата.




