Рускиот АвтоВАЗ планира да лансира сосема нов модел, кросовер наречен „Lada Azimut“, на пазарот во 2026-та година.
Според претседателот на АвтоВАЗ, Максим Соколов, производството е закажано за летото следната година. Соколов, исто така, вети дека ова ќе биде технолошки најнапредната „Lada“, што веќе предизвикува голем интерес кај експертите и љубителите на брендот.
Според Соколов, „Lada Azimut“ се развива со посебен акцент на модерни мултимедијални решенија и интеграција на вештачка интелигенција. На овој проект, концернот соработува со компанијата Сбер, која помага во имплементацијата на напредни дигитални услуги и системи за помош на возачот.

Тој, исто така, истакна дека АвтоВАЗ традиционално се фокусира на масовниот сегмент, поради што рамнотежата помеѓу цената и функционалноста строго се зема предвид при дизајнирањето на „Lada Azimut“.
„Lada Azimut“ премиерно беше претставена на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург во 2025-та година, а тогаш научивме многу за кросоверот. За почеток, таа е базирана на платформата „Vesta“ и ќе биде опремена со сопствени мотори од 1,6 и 1,8 литри кои произведуваат 120 и 132 коњски сили, соодветно.

Се очекува продажбата да започне во вториот и третиот квартал од 2026 година, а АвтоВАЗ смета дека „Azimut“ ќе го привлече вниманието не само на руските, туку и на странските ентузијасти за автомобили, благодарение на неговата комбинација од модерни технологии и традиционална сигурност.
Засега нема конкретни информации за цената, но според некои претходни проценки на руските медиуми, таа ќе биде помеѓу 2,5 и 3 милиони рубли (приближно 28.000 до 33.000 евра), што би значело дека „Lada Azimut“ е најскапиот модел на овој бренд досега.



