28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПретставен Hyundai Genesis (фото+видео)

Претставен Hyundai Genesis (фото+видео)

genesis

По интерната премиера за одреден круг на медиуми, „Hyundai“ и официјално објави сет на фотографии и детални информации кои се поврзани за нивниот нов автомобил кој ќе биде достапен ширум светот. Тоа што прво се забележува е целосната промена во дизајнот на оваа премиум лимузина со заден погон, кој обезбедува чисти, елегантни и спортски линии.

„Genesis“ седан е првиот кој го донесе дизајнерскиот јазик „Fluidic Sculpture 2.0“. Лимузината е долга скоро 5 метри, а ширината изнесува 1.9 метри, додека висината е 1.5 метри. Меѓуосовинското растојание изнесува 3.010 mm, односно за 75 mm е подолг од претходникот.

genesis1

Како и обично, ова возило има многу луксузна и напредна опрема, од „CO²“ детектор во кабината, „AEB“ системот за автоматско итно сопирање, системот за детекција на непрегледните агли, „Head-Up“ диспелјот.

Силата на површината ќе се пренесува преку новиот „HRAC“ интегрален погон и новата „multi-link“ задна суспензија, а за погонот се обезбедени 4 нови V6 и V8 бензински мотори со зафатнина од 3, 3.3, 3.8 и 5 литри со „GDI“ технологија. Сите овие верзии на мотори се поврзани со осумстепен автоматски менувач.

genesis2

Јужнокорејската компанија со гордост истакнува дека веќе во првите неколку дена од промоцијата добила повеќе од 3.500 нарачки за овој автомобил, а во текот на 2014-та година имаат планирана продажба од 62.000 примероци, кога се очекува овој модел да пристигне и во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП