ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопјани изминативе денови дишат екстремно загаден воздух

Скопјани изминативе денови дишат екстремно загаден воздух

Во изминатите неколку денови во Скопје тешко се дише. Мерните станици мерат висока концентрација на ПМ10 и ПМ2.5 честички во воздухот. Ништо подобро не е и во другите градови на државата.

Надлежните се уште без конкретни мерки за да се справат со загаденоста во државата. Единствена надеж на жителите на Скопје е да дувне ветер и да го исчисти градот.

Граѓаните постојано се жалат на кашлица и печење во очите. 

-Властите како по обичај немаат ништо преземено за да се намали загадувањето на воздухот во Македонија. Целокупната одговорност и сите институции кои треба да реагираат се во нивни раце. Потребни се мерки веднаш. Стоп за популизмот, и лажните ветувања. Во прашање е здравјето на илјадници граѓани. Наместо евтин популизам и декларативни заложби потребно е итно дејствување, гневно реагираат граѓаните.

Според податоците на платформата IQAir, Скопје е рангиран меѓу топ 10 најзагадени градови во светот.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП