2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолкави се европските минимални плати?

Колкави се европските минимални плати?

minimalec1

Еден од условите на германските Социјал-демократи за создавање на коалиција со Демо-христијаните на Ангела Меркел е воведувањето на првата загарантирана минимална плата во Германија. По тој повод разгледуваме некои од минималните плати во Европа…

Иако коалицијата на двете најголеми германски партии сеуште не е 100 проценти сигурна, нејзиното активирање ќе иницира и остварување на услови од постигнатиот договор на двете страни. Еден од условите е воспоставувањето на загарантирана минимална плата од 8,5 евра за час од 2015 година, односно 1,289 евра месечно, за работна недела од 35 часа.

Според податоците на Еуростат, официјалната европска агенција за статистика, тоа Германија ќе ја сортира меѓу Франција со 1,430 евра и Велика Британија со 1,190 евра минимална месечна плата.

На врвот на листата во ЕУ се наоѓа Белгија со 1,502 евра, а зад неа е Холандија со 1,478 евра. Загарантираните минимални плати помали од 1,000 евра се во Шпанија (753 евра), Грција (684 евра) и Португалија (566 евра). Минималната плата во Македонија изнесува 8.050 денари или околу 131 евро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП