7 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНаучете да ги негувате лојалните купувачи?

Научете да ги негувате лојалните купувачи?

lojalnikupuvachi1

Дали размислувате за тоа колку Вашите купувачи придонесуваат за Вашиот бизнис во текот на една година? Или колкава е нивната вредност во наредните 5 или 10 години? Ако ставете на хартија колку Вашите купувачи придонесуваат за Вашиот бизнис, особено оние големите купувачи, сигурно ќе се замислете за износот што ќе го добиете. Од таа страна вашите купувачи се и најголемата вредност во Вашиот бизнис.

Со децении, главната продажната стратегија, беше привлекување на нови купувачи, вкупните маркетинг буџети беа определени за оваа намена. Во исто време сосема малку се водеше грижа за веќе постојните купувачи. Во прилог на ова оди и истражувањето, кое покажува дека претпријатијата губат 20 проценти на нови клиенти во текот на првата година и 50 проценти на нови клиенти во текот на наредните 5 години. Ако се знае дека повеќе се троши на привлекување на нови купувачи отколку на задржување на веќе постоечки купувачи, целиот концепт на привлекување на нови купувачи делува нерационално. Од оваа причина, мора де се примени нов вид на размислување и нов вид на однесување кон купувачите. Односно секој треба да научи како да ги негува лојалните купувачи.

Што претставува лојалноста на купувачите? Ова можеме да го дефинираме како свесна намера на купувачот да му даде предност на вашиот производ/услуга во однос на другите производи/услуги.

За да создадете лојалност кај Вашите купувачи, Вие морате да ги задоволите двата фактори:

Деловно очекување: се однесува на самиот квалитет на Вашиот производ/услуга, неговата цена, локацијата, стручност…итн. Ова претставува база за задоволување на Вашиот купувач.

Однесување и став кон Вашите купувачи: Тоа значи дека Вие морате да бидете подготвени да направите се што е неопходно за да се купувачот почувствува да Вие се грижите за неговите интереси. Кога тоа ќе го направете, кога со вашите постапки ќе му покажете дека се грижите за него, меѓу Вашето претпријатие и Вашиот купувач се создава емоционална врска од која произлегува лојалноста.

Научете се повеќе да внимавате на лојалните купувачи кои постојано се навраќаат кај Вас и ги купуваат Вашите производи/услуги, не ги занемарувајте нивните барања и дадете им предност во однос на новите купувачи кои можеби само наминале да го разгледаат асортиманот на производи кај Вас, одржувањето на здрава и стабилна врска со Вашите постојани односно лојални купувачи ви обезбедува здава иднина за вашата компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП