2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИE.ON ја продава италијанската филијала

E.ON ја продава италијанската филијала

e.on

Енергетската групација „E.ON“ кој е со седиште во Германија, одлучи да ја продаде својата италијанска филијала чија вредност е проценета на повеќе од две милијарди евра.

Оваа филијала е петта по големина производител на електрична енергија во Италија со капацитет од 6.1 гигавати, а слабата побарувачка на домашниот пазар и големото даночно оптеретување се главните мотиви за оваа одлука, пренесува Ројтерс.

Менаџментот на оваа индустриска групација се уште ја нема коментирано оваа информација.

Инаку „Е.ON“ на италијанскиот пазар влезе во 2007-та година со многу амбициозен план, но страдаше поради слабата побарувачка и високите даноци. Оваа филијала својот капацитет на електрична енергија го достигнува со користење на јаглен, гасните и нафтени централи, но и со помош на водата, ветерот и сонцето.

„Е.ON“ услужува повеќе од милион корисници, а во оваа земја за неа работат повеќе од 1.000 работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП