2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПортугалките се најбогати!

Португалките се најбогати!

moneywoman1

Португалките се најбогатите жени во светот – покажа истражувањето објавено во „Спирс“ листата за богати. Во Португалија е најголем процентот на жени кои поседуваат милиони – 23,8 проценти.

На второто место се Филипинките со 21 процент, а на третото место се наоѓаат жените од Перу со 18,3 проценти.

Интересно е тоа што Норвежанките се побогати од жените во Швајцарија – 12,1 проценти, додека процентот на богатите жени во Велика Британија е 11,4 проценти.

Многу мал е процентот на богатите жени во Германија – 9,6 проценти, како и во Франција 8,5 проценти.

На дното од листата се Русинките со 5,7 проценти, жените од Мексико со 5,3 проценти и жените од Саудиска Арабија со 3,8 проценти, како и Јапонките со 3,7 проценти.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП