27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНегативните каматни стапки се можни, но...

Негативните каматни стапки се можни, но…

ecb-zadrza

Европската централна банка својата клучна каматна стапка на депозитите, која во моментов изнесува 0 проценти би можела да ја однесе на негативна територија во случај на екстремни ситуации.

ЕЦБ претходно овој месец ја намали основната стапка за рефинансирање за една четвртина од процентен поен на историски минимум од 0,25 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Иако претседателот на ЕЦБ Марио Драги изјави дека ЕЦБ е технички подготвена за негативна каматна стапка, банката ја задржа каматната стапка на 0 проценти.

Потпретседателот на банката Витор Констансио наведува дека негативните каматни стапки краток период биле испробани во Шведска и Данска, но дека нивното воведување на голем економски простор како што е еврозоната сепак би било поинакво и дека тоа би требало да се примени само во екстремни ситуации.

Потпретседателот на ЕЦБ додаде дека ликвидноста во европските банки сега е многу подобра во однос на крајот на 2011 година, кога банката внесе повеќе од милијарда евра во финансискиот сектор, по пат на тригодишни кредити со цел да се избегне финансиска криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП