ПочетнаЕКОНОМИЈАБруто-домашниот производ порасна за 3.8 %

Бруто-домашниот производ порасна за 3.8 %

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во третото тримесечје од 2025 година е 3.8 %.

Во третото тримесечје од 2025, поголем пораст е забележан во секторите Ѓ -Градежништво од 21.0 % и Ѕ – Информации и комуникации од 7.4 %.

Во третото тримесечје, бруто инвестициите во основни средства претставуваат главен двигател на порастот на бруто-домашниот производ. Во структурата на БДП, учеството на бруто инвестициите се зголемува од 26.1 % во третото тримесечје од 2024 година на 31.1 % во третото тримесечје од 2025 година.

Финалната потрошувачка во третото тримесечје од 2025 година номинално расте за 7.7 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 80.2 %.

Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во третото тримесечје од 2025 година во однос на третото тримесечје од 2024 година е 3.6 %.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП