3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMichelin отпушта 700 работници

Michelin отпушта 700 работници

michelin1212

Француската компанија за производство на пневматици „Michelin“ укинува 700 работни места во рамките на програмата за повлекување на производството на гуми за товарни возила.

Компанијата во јуни минатата година ја најави намерата за преместување на производството на гуми за товарни возила во фабриката „Roche-sur-Yon“ и дека поради тоа ќе бидат отпуштени 700 работници во фабриката „Yue-le-Tur“ во западниот дел од Франција во првата половина од 2015 година, пренесува агенцијата АП.

Во октомври управата на компанијата „Michelin“ објави дека забележала пад на профитот од 5,8 проценти во третиот квартал од 2013 година на 5,1 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП